Во светот на четирите тркала се случуваат контроверзни работи. Додека официјалната мантра е електрификацијата, се појавуваат изведби што го слават моторот со внатрешно согорување. Се покажува дека традиционалистите се на секаде и не се подготвени, иако имаат свои едиции само на струја, да се откажат од вистинските возачки вредности што недостасуваат на многумина… Денешното издание е исполнето со изведби што се весници на иднината, но и на традиционалните концепти, кои за среќа, не се подготвени да го кренат белото знаме пред батериите и напонот!


