Есента секогаш е во знакот на автомобилските саеми. По четири години апстиненција повторно на календарот се најде смотрата во Париз која беше најбледата досега. Малубројните излагачи комотно ги собра во две хали. Честа на Французите ја одбранија Peugeot и Renault додека шансата да се биде виден ја искористија кинеските марки… Го претставуваме првиот електричен Rolls Royce, луксузното купе Spectre.


