Тест – Opel Corsa Electric

Opel ја лансираше освежената верзија на Corsa и бевме во Руселсхајм да ја возиме пред да дојде во Македонија. Електричната верзија ќе биде скапа, можеби и премногу, но сепак ќе има свои изведби со мотори на согорување кои ќе се по мерка на Македонците!

Авто Магазин – Нова епизода

Колку се безбедни електричните возила? Сите знаеме, доколку се запалат батериите, може да трае со часови. Судирите во сообраќајот се секојдневие, а за да докаже дека неговите возила се многу безбедни Mercedes го организира првиот тест за отпорност при судири на електрични возила. Главни протагонисти беа моделите EQA и EQS. Со ваква акција неможе да […]

ЕУ – Мрежата на полначи се згуснува

До 2025 година во ЕУ на секои 60 километри долж главните коридори ќе мора да има полначи од најмалку 150 киловати. Направен е и исчекор за водородните возила кои ќе добијат станици за полнење на секои 200 километри од основната сообраќајна мрежа но дури од 2030 година.

Mercedes – eActros 600

Заради низата ограничувачки фактори електро погонот бавно навлегува во секторот на долголински камиони. Mercedes со новиот eActros 600 е решен да го промени тоа. Овој електричен влекач чие производство ќе започна при крајот на идната година дефинира нови стандарди во патниот транспорт.

Nissan Hyper Adventure – Видео

Вселенскиот изглед на возилата е последен тренд што ни доаѓа од земјата на изгрејсонцето. На него, по Toyota се придружува и Nissan…

Авто Магазин – Нова епизода

Елелктрификацијата покрена многу процеси за кои не бевме свесни кога таа започна да се пробива. Производителите ги реорганизираат своите фабрики, се соочуваат со разни предизвици, мрежата за полнење станува голем логистички предизвик, меѓу другото, донесе неизвесност за традиционалните сервисери. Добра новост доаѓа од таборот на „двојниот шеврон“. Со претставувањето на новата генерација на С3, Citroën […]

Citroen 2CV 75 години – Видео

Кога се зборува за Citroen неизбежна асоцијација е моделот 2CV или нашки кажано Спачек. Во чест на 75 годишнината од појавувањето на овој култен автомобил ве потсетуваме на неговите почетоци.

Тест – Test Renault Austral Techna – Видео

Новиот кросовер е припадник на новата филозофија на Renault. Корпоративниот дизајнерски јазик добро е применет, додека внатрешноста е онаква каква може да се посака од вакво возило. Ниту намалувањето на моторите не му пречи на Austral да пружи добро возачко искуство. Најголем минус е потрошувачката на гориво…

Видео – Rimac Campus film

Мате Римац го привршува својот кампус во загребското приградие Света Елена. Направен со дрон во еден здив, овој филм дава интересен преглед на производството на Nevera.

BMW X2 & iX2 2024 – Видео

Најголема новост од европската автомобилска сцена во оваа седмица е претставувањето на новиот BMW X2. Кога беше лансиран првенецот најавен е како спортско активно возило. Еволуцијата на втората генерација на Х2 донесе новост. Сега тоа е спортско активно купе и го негува стилот што го има далеку поголемиот Х6. Овој жанр е прифатен кај купувачите […]