BMW X2 & iX2 2024 – Видео

Најголема новост од европската автомобилска сцена во оваа седмица е претставувањето на новиот BMW X2. Кога беше лансиран првенецот најавен е како спортско активно возило. Еволуцијата на втората генерација на Х2 донесе новост. Сега тоа е спортско активно купе и го негува стилот што го има далеку поголемиот Х6. Овој жанр е прифатен кај купувачите […]
Видео – Triumph Scrambler 2024

Веќе сме на средина на есента, вистинско време за подготовка за следната моторциклистичка сезона. Triumph го освежи Scramlber со две едиции, подеднакво способни да го корнат асфалтот и да го ораат теренот
Ford Mustang GTD – Видео

Ford Mustang е познат по своите мускули, но сега ќе стане општо прифатен и по својата аеродинамика која може да се мери со болидите од најбрзиот циркус на светот.
Honda Prologue -Видео

Honda со својот Prologue дебитира во Америка со електричен модел. За оваа прилика позајмена е техника и основа на Cadillac. Причината е едноставна, кратење на трошоците за развој и производство кое се одвива во Мексико.
Porsche 911 GT3 R Rennsport – Видео

Porsche со новиот дериват на 911 како да сака да ги достигне ѕвездите. Не се работи само за силата од 620 коњи, ниту до изгледот, туку за ексклузивноста. 911 GT3 R Rennsport ќе се произведе само во 77 примероци по цена од 950.000 евра.
Volvo без дизел мотори – Видео

Својата ориентација до 2030 да стане марка со понуда само на БЕВ и јаглерод неутрален производител до 2040 година Volvo ја започна со првиот чекор – укинување на дизелите во понудата.
BMW 530e & 550e – Видео

BMW е една од ретките марки која не се откажува од моторите со согорување, но воедно, е марка која многу вложува во иднината. Серијата 5 се лансира во електрична верзија и изведби со мотори со согорување потпомогнати со благ хибрид. Сега во понудата влегоа две изведби со приклучни хибриди кои го спојуваат најдоброто од електриката […]
Aston Martin Valhalla – Видео

За скапотијата нема криза. На планетата име се повеќе луѓе што се подготвени да платат голема сума пари за своите омилени автомобили. Aston Martin Valhalla со своите 1.012 коњи и најавено производство од 999 примероци ја оправдува цената од 660.000 евра без давачки.
Авто Магазин – Нова Епизода

Повеќе сила, повеќе моќ. Ова не е само мантра во политиката, туку и во автомобилската бранша. Сега сите се натпреваруваат колку стотици коњи ќе испорачаат, а муштериите како да не прашуваат колку чини тоа задоволство. Aston Martin вети дека вгодина ќе го пушти на улиците Valhalla, хипер автомобил со 1012 коњи. Него го следи Ford […]
VW Passat 2024 – Видео

Passat е најстариот активен модел на VW. На сцена стапи неговата последна генерација, верувале или не, доаѓа и со дизел мотор, но само во караванско издание.