Најголема новост од европската автомобилска сцена во оваа седмица е претставувањето на новиот BMW X2. Кога беше лансиран првенецот најавен е како спортско активно возило. Еволуцијата на втората генерација на Х2 донесе новост. Сега тоа е спортско активно купе и го негува стилот што го има далеку поголемиот Х6. Овој жанр е прифатен кај купувачите кои сакаат нивните теренци да делуваат спортски и динамично. Новата генерација на Х2 е поголема во сите смерови, ќе има избор на четири мотори на согорување, меѓу кои и еден дизел и, се разбира, електрична варијанта со моќни 313 коњи и погон на сите тркала.
