Авто Магазин – Нова Премиера

Електрификацијата почна да го зема својот данок. Ford предвидува загуба од 4,5 милијарди години за годинава, додека Volta, марката за производство на електрични камиони отиде во стечај. Ситуацијата и кај останатите марки не е оптимистичка, иако продажбата на ЕВ расте. Škoda го претстави новиот Superb, Opel планира да лансира мало ЕВ со цена од 25.000 […]

EuroNCAP – Кинески возила – Видео

Европските производители остануваат без уште еден аргумент против кинеските возила кои на најновите тестирања спроведени од EuroNCAP покажаа високото ниво на безбедност.

Mazda Japan Mobility Show 2023 – Видео

Иако ни оддалеку не беше вистинскиот новитет подготвен за салонот, Mazda малку чудно во прв план ја истакнуваше обновената верзија на MX-5.

Toyota Japan Mobility Show 2023 – Видео

Шаренолика гама со фокус на електриката претстави Toyota пред домашната публика. Далеку од тоа дека беа заборавени останатите погони, но сега „политички коректно“ е да се зборува за електроните.

Тест BMW i5 eDrive 40 – Видео

Одржувањето на традицијата и имплементирање на напредните технологии е стратегијата на BMW која ја применува во сите нови производи. Доаѓањето на осмата генерација на популарниот седан ги покажува сите аргументи што Баварците ги имаат за да продолжат по успешниот курс. Тоа го проверивме на регионалната презентација која BMW ја организира во Србија.

Авто Магазин – Нова премиера

Саемите се враќаат во игра. По Минхен на ред дојде Токио, но судејќи според автомобилската ориентираност Japan Mobility Show е класа над европските смотри. Групацијата Stellantis вложи 1,5 милијарди евра во кинескиот Leapmotors од кого ќе превзема технологии за идните поевтини електрични возила. Го тестиравме BMW i5 eDrive 40.

Lexsus LM – Видео

Сегментот на мини комбиња во Европа изумира. Оваа ситуација Lexus ја гледа како своја шанса, особено за продажба на рент-а-кар и компаниите што се занимаваат со превоз на VIP клиенти. LM, мора да признеме дека чудно изгледа, но функционалноста му е на високо ниво.

Водорд против струја – Видео

За сега работите не одат во полза на водородот, кој како гориво, има големи предности во однос на погонот на електрична енергија. Сепак, битката не е изгубена…

Stellantis со нови 7 достапни ЕВ – Видео

Евтините кинески електрични возила ја инспирираа групацијата Stellantis да влезе во борба со 7 нови ЕВ кои ценовно ќе им се спротивстават! Затоа потпишаа договор со Leapmotor, кинеска компанија од која ќе ги користи технологиите…

Возевме – Opel Corsa Electric – Видео

Opel ја лансираше освежената верзија на Corsa и бевме во Руселсхајм да ја возиме пред да дојде во Македонија. Имаме изненадување . Седнавме и во Corsa-e Rally.