Во последните три години политиката дебело е вмешана во автомобилската индустрија. До толку што во САД претседателските кандидати на големо се препукуваат по прашање на електрификацијата. Иако со потешкотии и одложувања на сцената ќе се појават одредени модели на БЕВ од кои производителите очекуваат добар пласман на пазарот. Со таа мантра е присутен и Opel. На прославата на својата 125 годишнина, молњата од Руселсхајм ги положува сите карти на електрификацијата иако матичната групација Stellantis ги одложува амбициозните планови за производство на батерии заедно со Mercedes и Total. Сепак Toyota е малку по претпазлива и вложува многу во водородот. На електричните сништа се придружува и Cadillac со своето второ електрично возило Optiq. Една студија покажа дека БЕВ се многу опасни за пешаците, дури три пати повеќе од класичните возила. Ова е само воведот, доаѓаат уште интересни теми…


