Škoda Kodiaq – Македонска премиера

Новата генерација на најголемиот модел на Škoda е лансирана на македонскиот пазар. Со својот робусен и интригантен изглед новиот Kodiaq повторно покажува дека е возило кое своето место на пазарот не само штто ќе го сочува туку и ќе го надгради. Изгледот еволуираше и надграден е со  новиот дизајнерски јазик Modern Solid на Škoda преку […]

Побрзајте, горивата поскапуваат од полноќ

На денешната седница РКЕ повторно направи нивелација на цените на горивата и овој пат нагоре. Од полноќ бензинот Еуросупер БС-95 ќе биде поскап за 1,50 денари. Еуросупер БС-98 оди нагоре за два денари, а Еуродизелот поскапува дури за 2,50 денари. Од утре во малопродажбата ќе важат следните цени: ЕУРОСУПЕР БС-95            […]

BMW го замени Northvolt

BMW за моделите од својата петта генерација БЕВ ќе користи ќелии за батериите произведени од Samsung SDI наместо од Northvolt Договорот тежок две милијарди евра за набавка ќелии за батериите на своите електрични возила BMW Group го откажа откако шведската компанија Northvolt доцни во исполнување на своите обврски. Долгорочниот договор потпишан пред четири години се […]

Aspark Owl SP600 – Најбрз БЕВ

Rimac Nevera повеќе не е најбрз електричен автомобил – јапонскиот суперспортист Aspark Owl SP600 кој се произведува во Италија во соработка со компанијата Manifattura Automobili Torino постигна 438,7 км/ч. До своите крајни граници тој дојде на германската тест патека во Папенбург, истата онаа каде и Nevera ги постави своите рекорди. Брзината која е за скоро […]

Nissan GT-R – Последниот вистински самурај

Јапонскиот бисер над бисерите, Nissan GT-R, започна да ја пее својата лебедова песна. Технолошкото ремек-дело опстана на пазарот цели 17 години за кои само по малку беше унапредуван затоа што не можеше многу – сé на него уште од стартот беше доведено до перфекција. Токму затоа и последните едиции ќе добијат само пофилигрански уредена внатрешност […]

Alfa Romeo Junior Veloce – 280 електрични коњи

По апсолвирањето на теоријата, на тест патеката во Балоко, Alfa Romeo Junior покажа дека е достојна за суфиксот Veloce Alfa Romeo ја доживеа македонската судбина кога беше приморана да го промени името на новиот модел од Milano во Junior. Тоа како да ја инспирира компанијата да покаже дека е посебна. По извршените интерни тестов на […]

Nissan Z Heritage Edition – Во слава на Datsun 240Z

За да ја одбележи 55 годишнината на спортскиот  модел Z,  Nissan претставува ограничена серија со ексклузивни дизајнерски елементи Во 1969 година на пазарот Datsun го претстави спортски стокменото купе Z240. Пред 55 години ретко кој остана рамнодушен на појавата на портокаловата каросерија со изразени спортски контури. Во меѓувреме Datsun беше купен од Nissan но култот […]

Електричните Mini се соочуваат со највисоката увозна тарифа воведена од ЕУ

Mini започна да ги произведува електричните Cooper и Aceman во Кина кон крајот на минатата година. За само неколку месеци работите се свртеа во неповолен смер за марката која сега се соочува со проблеми поради заштитните давачки што ги воведе ЕУ за возила произведени во Кина. Во периодот на истрага што ја водеше, ЕУ побара […]

Наполнете ги резервоарите, горивата повторно поскапуваат

Трендот на зголемување на цените на горивата продолжува. Ова е трет пат во една седмица горивата да поскапуваат. Од полноќ бензините ќе бидат поскапи за еден денар, а дизелот за половина денар за литар. Од утре во малопродажбата ќе важат следните цени: ЕУРОСУПЕР БС-95           81,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98        […]