Alfa Romeo Junior Veloce – 280 електрични коњи

По апсолвирањето на теоријата, на тест патеката во Балоко, Alfa Romeo Junior покажа дека е достојна за суфиксот Veloce

Alfa Romeo ја доживеа македонската судбина кога беше приморана да го промени името на новиот модел од Milano во Junior. Тоа како да ја инспирира компанијата да покаже дека е посебна. По извршените интерни тестов на развојната патека Балоко покажаа дека електричниот мотор испорачува моќност од 280 КС, што е достојно на перформансите на моделите Giulia, Stelvio и Tonale Veloce. Ова е за цели 40 КС повеќе отколку што беше најавувано од Миланезите кога моделот беше во развојна фаза.

Според корпоративните ресурси на Stellantis, Junior требаше да има 240 КС доставени од електричниот мотор споделен со Abarth 600e и Lancia Ypsilon HF. Сега играта се менува и тестовите покажаа дека инженерите од Милано успеаа да извлечат значајна разлика во силата што на големо допринесува на спортскиот имиџ што го негува марката, особено со беџот Veloce. Освен што го има најмоќниот електричен мотор на групацијата, Alfa Romeo Junior Veloce може да се пофали и со спуштена суспензија за 25 mm, диференцијал Torsen на предната оска, и тркала опремени со спортски пневматици со дијаметар од 20 инчи.

По тестирањата Alfa Romeo тврди дека управувањето е „најдиректно во сегментот“, додека сопирачките имаат поголеми предни дискови со четири клипни моноблок клешти. Alfa Romeo потенцира дека сите доработки му овозможуваат на Junior да понуди врвно возачко искуство и  динамика на возење. Нам ни останува само надеж дека ќе имаме шанса да се увериме во тврдењата на производителот.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER