Rimac Nevera повеќе не е најбрз електричен автомобил – јапонскиот суперспортист Aspark Owl SP600 кој се произведува во Италија во соработка со компанијата Manifattura Automobili Torino постигна 438,7 км/ч. До своите крајни граници тој дојде на германската тест патека во Папенбург, истата онаа каде и Nevera ги постави своите рекорди.
Брзината која е за скоро 27 километри повисока од хрватскиот рекорд верификувана со Racelogic V-Box уредот ја постигна 45-годишниот германски возач Марк Басенг, кој во 2010-тата има поставено рекорд на Нирбургринг со Pagani Zonda R. Техничките детали за возилото не се откриени но се навестува дека се работи за нов модел еволуција на претходниот.


