Lotus Emeya има најбрзо полнење

Батериите на електричната лимузина на Lotus од 10 до 80 отсто се полнат за само 14 минути

Кинезите се на чекор да надминат една сериозната стигма – бавното полнење на батериите на електричните автомобили. Тоа го докажува еден независен тест во кој Lotus Emeya ги наполни своите батерии од 10 до 80 отсто за само 14 минути. Електричната лимузина на Lotus и теоретски и практично поддржува полначи од 400 киловати, при што просечната забележана моќност на тестирањето е импресивни 331 киловат. Батериите имаат капацитет од солидни 102 киловат-часа и овозможуваат автономија од нешто над 600 километри, што значи дека Emeya за 10 минути исцрпи од мрежата доволно струја за повеќе од 400 километри пат. Електричниот гранд турер со четири врати кој се произведува во погоните на Geely во Кина е наоружан со еден или два електромотора со 600 односно 918 коњски сили. Неговата цена во Велика Британија стартува од 95 илјади фунти.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER