РКЕ – Кратко се радувавме

Дизелот поскап за 1,5 денари, бензините за два! По минато неделното намалување, РКЕ се пишмани и ги поскапе горивата. Од полноќ стапуваат на сила новите цени. ЕУРОСУПЕР БС–95     73,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС–98     75,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V)  64,50 ден/лит, БИОДИЗЕЛ              65,50 ден/лит.

Opel Corsa – Растура на домашен терен

Ноември во знакот на Corsa! Месецот Ноември од годинава што одминува е во знакот на Opel Corsa која со 45.000 продадени примероци се искачи на првото место во Германија. Во Руселсхајм особено се горди што една четвртина од нив се потполно електрични изведби.

Morgan – Plus 8 GTR

Во чест на „Големото синило“ Вториот специјален проек е најсилниот во историјата на Morgan Познат по своите носталгични спортски  модели, британската марка го слави минатото. Во чест на тркачкиот модел Plus 8 од деведесеттите години на минатиот век, Morgan произведе реинтерпретирана ограничена серија од само девет примероци. Интересно е што таа е опремена со V8 […]

EuroNCAP – 11 нови тестови

Ветеранот разочара! Дали лошиот резултат ќе ја десеткува продажбата? Единаесет нови возила беа подвргнати на најновиот тест за безбедност на патниците на Euro NCAP. Повеќето добија највисока оцена од пет ѕвезди, две добија добри четири додека два електрични автомобили потфрлија. На Renault Zoe не му беше доделена ниту една ѕвезда додека Dacia Spring доби само […]

Nissan – Z GT 500

Подготвен за GT настап Новиот Z GT500 ќе се натпреварува во јапонскиот GT Шампионат Од следната сезона, кон крајот на летово најавената замена за GT-R, ќе настапи на  натпреварувањата во GT шампионатите. На специјалниот настан организиран на патеката Фуџи Nissan не ги објави спецификациите на новиот тркач. Од правилата на класата се знае дека зафатнината […]

Renault – Austral

Kadjar ќе се преименува! Austral е новото име на претстојниот компактен крос-овер Renault ќе го претстави наследникот на Kadjar напролет со што стапува на сила неговото преименување во Austral. Со моделот долг четири и пол метри, марката сака да ја продолжи офанзивата во сегментот C што беше започната со Arkana и Mégane E-Tech Electric. Името […]

Volta Trucks – DB Schenker

Електричен сојуз Најголемата европска логистичка компанија се врти кон струјата Англискиот производител на електрични камиони Volta Trucks објави дека е потпишан договор со DB Schenker кој нарача 1.470 електрични камиони. Тие се  од типот Zero и ова е досега најголемата нарачка за испорака на целосно електрични камиони во Европа. DB Schenker е во поодмината фаза […]

Peugeot 308 – Во финалето на COTY

Петти пат меѓу финалистите Квалитетите на 308 препознаени од жирито Новиот Peugeot 308 со своето хечбег и караванско издание се приклучи на најтесната листа од седум кандидати кои ќе се борат за титулата „Автомобил на годината во Европа“. Конкуренцијата е остра и ја сочинуваат Cupra Born, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5, Kia EV6, Renault […]

РКЕ – Благо поевтинување

Од полноќ цената на дизелот останува иста, додека на бензините се намалува за половина денар. ЕУРОСУПЕР БС–95  74,50 ден/лит ЕУРОСУПЕР БС–98  76,50 ден/лит ЕУРОДИЗЕЛ             66,50 ден/лит. БИОДИЗЕЛ              67,50 ден/лит.

Peugeot – Е-фикасност

Зголемена автономија Новата 2022 година Peugeot ја започнува со продолжен дострел Електричните верзии на Peugeot 208 и 2008 ќе понудат до 25 km и 8% повеќе опсег според циклусот WLTP, а уште повеќе во возењето во реалните услови на патот. Забележителен е пласманот на повеќе од 90.000 произведени возила, со што двата модели ја нагласуваат […]