Opel Astra – Најдобар автомобил до 50.000 евра

Златен волан за ѕвездата!

Кога се наградите во прашање, Opel има огромна витрина во своето седиште каја сведочи за успесите на неговите модели. Последното признание доаѓа од домашната сцена на која Astra повторно се докажа.

Во организација на специјализираната германска ревија Auto Blild и таблоидот Bild am Sonntag 45 години се организира изборот „Златен управувач“ каде Opel пали и гаси со своите вкупно 20 титули. Последната ја прокнижи тандемот Astra и Astra Sports Тourer кои се избрани за најдобри во класата на возила до 50.000 евра. На патот до победата на „Златниот управувач“, читателите на Auto Blild и Bild am Sonntag се секогаш први во редот.

Тие гласаат за моделите што се ново дојдени на пазарот во тековната година и на тој начин ги избираат своите три фаворити во секоја категорија за финалето. На тркачката патека DEKRA Lausitzring во Германија, истакнато жири составено од новинари, возачи на трки и експерти за автомобили ги испитува поединечните финалисти според критериумите засновани на шемата за тестирање на Auto Blild. Покрај смелиот изглед, Astra и Astra Sports Tourer се подинамични од кога било и со новото лице на брендот, Opel Vizor и целосно дигиталниот, интуитивен Pure Panel cockpit, поставуваат стандарди во компактната класа.

Тоа се аргументите доволни тандемот да ја однесе победата во класата  „Најдобар автомобил до 50.000 евра“. Но до крајот на годинава има уште време, а двоецот од Руселсхајм е помеѓу финалистите на престижниот европски избор за Best Buy Car of Europe во организација на европското AutoBest жири…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER