Togg – Турција на мапата на прoизведувачи на 100% ЕВ

Togg започна со производство

Она што се вети пред две години, стана реалност

99-годишнината на републиката беше убав повод Турција да прослави уште еден успех – претседателот Реџеп Таип Ердоган лично го симна првиот сериски примерок на електричниот TOGG од монтажната лента. Комплексот Гемлик во околината на Бурса каде ќе се произведува е подготвен од првиот квартал идната година да започне со испорака на возилата на купувачите. Дотогаш овој кросовер од Ц-сегментот дизајниран од Pininfarina треба да ги помине хомологациските тестови. На располагање ќе биде со еден или два електромотора од по 200 коњски сили, а ќе се опремува со батерии интегрирани во платформата кои ќе му овозможат автономија до 500 километри. Според порано објавените спецификации ќе постигнува 220 километри на час, а до првите сто во посилната верзија ќе забрзува за 4,8 секунди. После него ќе следат уште четири модели – седан и хечбек од истата класа како и компактен кросовер и еден моноволуменец. Кога комплексот кој се распостила на 400 хектари земјиште во сопственост на армијата ќе го достигне својот капацитет, годишно ќе произведува 175.000 возила и ќе вработува 4.300 луѓе. Целокупната инвестиција во оваа компанија основана од државата и четири големи турски конгломерати надминува милијарда евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER