VW ID.3. – Се најавува рестајлинг

Херојот на електрификацијата на ревизија Сè уште нема официјални фотографии, но скиците веќе јасно откриваат дека критикуваните дизајнерски решенија се корегирани. Истото се однесува на употребените материјали во внатрешноста. Тоа се случува само две и пол години по дебито на моделот новите решенија ги „пеглаат“ критиките за материјалите во внатрешноста и на надворешниот изглед. Сега […]
Cruise – Амбициозни планови за 2023 година

Роботакси во повеќе градови во САД Единицата на Џенерал Моторс во која се развиваат роботакси возила, планира да ги зголеми операциите со илјадници возила во 2023 година. Круз ги објави плановите да започне да ги нуди услугите со роботакси возила во Остин и Феникс и дека компанијата планира да се прошири во повеќе градови во […]
ПРЕМИЕРА – De Tomaso P900

Хиперавтомобил од 3 милиони долари 888 КС се премногу диви за јавните патишта!? Токму на време за Божиќ, De Tomaso Automobili го лансираше хиперавтомобилот P900, див ѕвер кој лесно може секој милијардер да го ослободи од здодевниот живот. Со цена од 3 милиони долари и ексклузивитет од само 18 парчиња, ова е идеалниот подарок за […]
Praga – Bohema

Чешка конструкција, јапонски мотор Многу познавачи на автомобили првенствено ја поврзуваат марката Прага со камионите произведувани во тогашна Чехословачка до 1990 година. Можеби политички не е коректно денеска да се најави автомобил без електрична поддршка, но и тоа се случи. Чешката компанија за машинско инженерство сега е посветена на производство на картинг возила, авиони, како […]
Genesis – X Convertible Concept

Магична убавина Доколку се реализира, ова ќе биде еден од најубавите кабриолети… На Лос Ангелес Мотор шоу, Genesis го претстави последниот од трите концепти кои се однесуваат на идниот можен смер на моделите од оваа премиум марка. Првиот впечаток е најважен, а тој е зашеметувачки!Големо меѓуоскино растојание, краток надвис на тркалата и дизајн на каросеријата […]
Mitsubishi XFC – Загаточен концепт

Кросовер со глобални амбиции Од Mitsubishi пристигна изненадување, претставен е концепт на кросовер со амбиции да се пласира глобално. Ознака XFC од таборот на Mitsubishi не ја елаборираа па оставија да се разигра имагинацијата и да се шпекулира што стои зад неа. Првата претпоставка е дека Х означува погон на сите тркала додека останатите две […]
Alpine Alpenglow – Предвидување за иднината

Алпски мугри Прво за името – Alpenglow се нарекува црвенкастиот сјај над планините непосредно пред изгревањето на сонцето или на нашки кажано, алпски мугри. Со тоа аналогијата е јасна – почеток на нова ера за Alpine. Футуристичкиот концепт на хиперавтомобил со впечатливи пропорции и водородна погонска група не е предвиден за производство и претставува само […]
Mobilize Duo EV – Рационална урбана мобилност

Урбана герила Натрупаните градски средини покрај екологијата се судруваат со сообраќајни проблеми. Токму поради тоа на пазарот доаѓаат практични и рационални решенија кои во голема мерка ќе го осленат движењето и паркирањето. Една таква солуција ни ја претставува Mobilize преку електричниот четирицикл Duo EV чија структура е изработена со 50% рециклирани материјали. Како што доликува […]
Honda Prologue – Први официјални фатографии

Јапонска техника, американски дизајн Во склоп на својот план до 2030 година да има портфолио од 30 електрични возила, Honda ги објави првите фотографии на новиот кросовер кој треба да се комерцијализира во Северна Америка во текот на 2024 година. Prologue ќе биде достапен со погон на сите тркала, наменет е за клиентите кои сакаат […]
GoodYear Eagle GO – Пневматици поиздржливи од возилата!?

Дали GoodYear ќе стане GoodDecades? Заедно со концептниот автомобил Citroën Oli (all:e) лансиран е новиот концепт пневматик на GoodYear кој отвора ново поглавие со одржливи материјали.Goodyear Eagle GO, која сега го има своето деби е третата концептен пневматик на Goodyear развиен со Citroën со цел да ја оптимизира ефикасноста, издржливоста и удобноста за електричната мобилност. […]