Дали вака ќе изгледа новиот C-HR?
Не така одамна, Toyota важеше за марка што прави доверливи возила со здодевен изглед. Во последните години ваквата перцепција се менува. Констатацијата за доверливоста остана, но перцепцијата за изгледот полека, но сигурно се менува.
Тоа го докажува концептот Toyota Prologue, која би требало да стане втората генерација на C-HR, модел кој ја започна дизајнерската транзиција на јапонскиот конгломерат. Сега сé побројни се купувачите што сметаат дека обликот на Toyota изгледа многу подобро и иновативно.
Првиот C-HR беше претставен со својот чуден дизајн уште во 2016 година, откако првичниот концепт C-HR беше откриен на саемот на автомобили во Париз две години претходно, беше развиен во европскиот центар за развој на дизајн на Toyota во јужна Франција.
Од таму доаѓа Prologue кој е прва, но многу реална визија за автомобил што наскоро ќе се види на европските патишта. Дизајнот треба да предизвика и ветува многу уживање во возењето.
Не е реткост дизајнот на автомобилите да влече инспирација од животинскиот свет. Анфасот на Prologue во Toyota го нарекуваат „Hammerhead“ кој е дел од архитектурата со испреплетени форми и карактеристичен светлосен потпис.
Потесните фарови и отворите на решетката се дизајнирани да му дадат на C-HR Prologue продорен поглед на ајкула. Прецизниот дизајнерски јазик комбинира навидум контрадикторни детали како што се остро нацртани линии и течни транзиции. Поголемите тркала и пократките надвиси му даваат на Prologue поспортски изглед, со поголема внатрешност.
Каросеријата е обоена во три бои што дополнително привлекува внимание, а не е исклучено триколорноста да биде задржана и во сериските изведби. Покрај хибридната варијанта, палетата на погонски единици на Toyota C-HR Prologue ќе вклучува и верзија со приклучен хибридна чии батерии ќе се произведуваат во Европа.


