Subaru Uncharted – Трета среќа?

Subaru во Америка започна со продажба на својот трет електричен автомобил. Наречен Uncharted, овој модел по подолго време е прв на марката со погон на предните тркала. Сепак во понудата ќе биде и верзија со 4×4 пренос. Како и кај Solterra и Trailseeker се искористени технологиите на Toyota, овој пат од CH-R+. Јапонците велат дека […]
Brabus 900 Superblack – Овој пат на тема Bentley

Иако дебело се поврзува со Mercedes, германскиот Brabus преработува и возила од други марки. Сега за првпат и од Bentley, со Continental Speed во купе и кабриолет верзии. Наречени се 900 Superblack што означува дека нивниот хибриден четирилитарски V8 располага со точно толку коњски сили. Со нив спринтот до сто на час трае 2,9 секунди […]
Видео – Nissan Kait

Nissan лансираше кросовер кој сигурно ќе им биде интересен и на европските купувачи иако практично не постојат никакви шанси да биде понуден и тука. Наречен Kait тој всушност е темелно обновена верзија на првата генерација на малиот Kicks и ќе биде лансиран во дваесеттина земји, почнувајќи од Бразил. Елегантниот изглед прави да изгледа поголем од […]
Kia Seltos – Нов глобален модел

Со амбиции да го лансира и во Европа, Kia ја претстави втората генерација на глобално популарниот Seltos. Корејците овој кросовер го опишуваат како експресивна алтернатива на бестселерот Sportage, со нагласен лајфстајл карактер и практична функционалност. Дизајнот му е привлечно робусен со преден дел со широка маска. Силуетата е со лебдечки покрив и изразени задни крила […]
Mahindra XEV 9S

Индија станува новата Кина Земјата која е четврти по големина производител на возила во светот за последниве пет години ја има зголемено својата продукција за неверојатни 72 отсто, далеку надминувајќи ги Јужна Кореја и Германија. Прогресот и амбициите најдобро ги илустрира присуството на Mahindra во формула Е шампионатот уште од неговата инаугуративна сезона 2014-тата. Иако […]
Honda Pilot 2026

Honda го освежи најголемиот свој модел на американскиот пазар, кросоверот Pilot. Неговата четврта генерација која се покажа како полн погодок сега се одликува со помоќен визуелен настап, модернизирана кабина и унапредени безбедносни пакети. Дизајнерските измени можеби не се револуционерни но сепак се доволно впечатливи. Барем напред каде се забележуваат поизразената маска и робусниот браник додека […]
Opel Astra & Astra Sports Tourer

Во 2026 година фокусот на Opel ќе се префрли на Astra Популарниот автомобил од компактна класа, кој е дизајниран, конструиран и произведен во Руселсхајм, наскоро ќе биде достапен во ново издание со уште поостар дизајн, како и побројна врвна технологија и удобност. За само неколку недели, новата Opel Astra и новата Opel Astra Sports Tourer […]
BAIC – Нов член на Премиум Брендс

Премиум Брендс, кај нас позната како долгогодишен застапник на Kia и Volvo, сега на листата го додаде кинескиот BAIC. Од вчера македонската автомобилска сцена стана побогата за уште еден кинески производител. Кај нас не доволно афирмирана, оваа кинеска компанија постои од 1958 година и во своето произвоствено портфолио бележи 36 милиони возила. Екипата на Премиум […]
Cupra Raval – Урбан бунтовник

Raval ќе биде предводник на новото урбано EV семејство на VW Group Поставен на новата МЕВ+ платформа новиот градски модел ќе има три нивоа на опременост и мотори со две моќности. Иако ја дели платформата со VW ID. Polo, ID. Cross и Škoda Epiq, Raval сепак ќе се разликува од нив не само по изгледот. […]
Brabus 800 & 800 XL Cabrio

Врз основа на Mercedes-AMG G63, Brabus направи две кабрио верзии од чија цена паѓаат веѓите Одредени само за супер-богатите новите деривати на AMG G63 првично се разликуваат што се кабриолети. Опремени со сложен мек покрив што се состои од над 500 компоненти. Тоа е зашеметувачка количина, но дводелниот покрив се отвора и затвора за 20 […]