Škoda Peaq – Освоен уште еден врв

Peaq не е само електрична алтернатива на Kоdiaq, тој е завет за иднината на марката од Млада Болеслава

Повеќе од една деценија Škoda не е само дел од групацијата VW, туку станува еден од главните двигатели.

Со имплементираниот нов дизајнерски јазик и применетите технологии во своите нови модели докажува дека во светот на тркалата не се пресудни само традиционалните прикаски, туку важен е и начинот на кој тие се раскажуваат. А во овој период се покажа дека тоа Чесите го прават на мајсторски начин.

Тоа е случај и со вториот модел на електричен погон поставен на големо меѓуоскино растојание, може да понесе седум патници во голем внатрешен простор и да ги превезува до 630 километри со едно полнење на батериите. Покрај тоа, неколку од решенијата и карактеристиките на опремата го имаат своето деби во моделот на Škoda.

Со меѓуоскино растојание од 2,965 м и вкупна должина од 4.874 мм, Peaq нуди исклучителна просторност. Дури и патниците во третиот ред уживаат во удобност, додека импресивни 299 литри капацитет на багаж остануваат достапни зад нив.

Во конфигурацијата со пет седишта, Peaq сместува до 935 литри багаж. Покрај тоа, има преден багажен простор од 37 литри, додека внатрешните прегради за складирање обезбедуваат дополнителни 33 литри простор за помали предмети. Škoda Peaq раскошниот простор го исполнува со модерни остварувања.

Вертикалниот 13,6 инчен инфозабавен дисплеј базиран на Android платформа.овозможува пристап до уште поширок опсег на апликации од трети страни. Системот воведува нов интуитивен кориснички интерфејс, додека ги задржува физичките контроли за поставките за климатизација и вентилација, предупредувачките светла за опасност, функциите за заклучување на вратите и јачината на звукот.

Понудени се две големини на батерии и три варијанти на погонскиот склоп. Peaq 60 има батерии со капацитет од 63 kWh, обезбедувајќи опсег на возење до 440 километри со едно полнење.

Полнењето од 10 до 80 проценти трае само 27 минути. Моделот е напојуван од електричен мотор од 150 kW кој ја погонува задната оска, овозможувајќи забрзување од 0 до 100 км/ч за 8,6 секунди и достигнување максимална брзина од 160 км/ч. Помоќните верзии Peaq 90 и Peaq 90x користат батерија од 91 kWh, најголемата батерија некогаш вградена во возило на Škoda.

Во Peaq 90, задните тркала се погонувани од електричен мотор од 210 kW, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 7,1 секунда и максимална брзина до 180 км/ч. Дијамантот на круната е Peaq 90x кој нуди иста максимална брзина, а додава и втор електричен мотор на предната оска. Комбинираната системска моќност достигнува 220 kW, што му овозможува на возилото да забрза до стотка за само 6,7 секунди. Батеријата може да се наполни од 10 до 80 проценти капацитет за 28 минути.

Peaq 90x испорачува опсег на возење до 605 километри, додека Peaq 90 надминува 630 километри. За ова придонесува новата топлинска пумпа, која обезбедува високо ефикасно греење на ентериерот. Батеријата на возилото може да снабдува електрична енергија и за надворешни уреди. Како моќен голем SUV, Peaq може да биде опремен и со опционална кука за влечење. Верзиите со погон на задните тркала можат да влечат приколка со сопирачки до 1,8 тони, додека варијантите со погон на сите тркала ја зголемуваат оваа бројка до 2 тони.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER