Morgan Midsummer Coupé

Летото е идеално за сонување и мечтаење, за оние кои имаат многу кеш!

Соработката на две големи имиња од автомобилската индустрија продолжува да се надградува со уште еден производ на кого ќе се израдуваат само девет богати колекционери.

По ограниченото на 50 примероци кабрио издание, Morgan повторно ја ангажира италијанската иконска дизајнерска куќа Pininfarina да направи купе верзија на „летниот сон“ која ќе биде уште поексклузивна, односно многу поскапа.

Со неа романтичарите ќе уживаат во летото и во нај студените денови на годината. Оптимистички настроениот бел ентериер со вметнати цитати од тиково дрво алудира на дизајн типичен на јахта. Страничните прозорци се стилизирани по теркот на италијанските спортски автомобили од 1960-тите и имаат стил на пеперутка, одноно се преклопуваат нагоре за да се отворат.

Серијата Midsummer е базирана на Supersport 400, од ​​која е позајмен три литрениот шест цилиндерски мотор на BMW со 408 КС и осум степен автоматски менувач. Планирани за производство се само девет примероци, од кои секое ќе биде индивидуално стокмено според замислата на купувачот. Ако сте еден од избраните, повелете!

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER