Nissan – Генерацијата E-Power 2 ветува многу

Новата генерација на Nissan e-Power ги демантира елктричните возила. Еве зошто… Пред неполна година бевме на тестирањето на Nissan Qashqai со e-Power систем. Ова е алтернативен погон што ги избегнува многуте предизвици на елктричните возила. Пред сé, тоа решение е еколошко и ги заобиколува предизвиците на полење на батериите, што знае да биде многу фрустрирачки. […]

XPeng G7 – Тивка вода брег рони

Бавно но мудро Xpeng ја шири својата гама електрични возила, овој пат со средно-големиот кросовер со ознака G7. Партнерот на Volkswagen во Кина се одлучи за малку поинаков пристап доделувајќи му поголеми пропорции и поистакнат став во однос на механичкиот донатор моделот G6 кој веќе е во продажба во Европа. Дизајнот барем во стилските детали […]

Nissan Patrol NISMO – Повеќе мускули за повеќе чалам

Колосалниот теренец доби спортска преобразба која го направи адмиралски брод во флотата на Nissan Новата генерација на Nissan Patrol нема да дојде во Европа, но на пазарите каде веќе се продава доби засилување со кое ќе привлече силно внимание. Тоа првенствено се однесува на пазарите во САД и Блискиот исток каде секогаш се бара нешто […]

Renault Symbioz & Espace – Два нови хибридни погони од новата генерација

Хибридните E-Tech погонски склопови бележат континуиран развој Renault моментално е на второто место на европскиот пазар по продажба на хибридни возила и е на пат да ја надмине симболичната граница од еден милион продадени целосно хибридни E-Tech возила. Тоа се должи на ефективните погони кои перманентно се усовршуваат. Хибридните E-Tech погонски склопови комбинираат мотор со […]

Nissan Leaf – Нов лист во гората

Електричните автомобили се развиваат брзо, а Nissan со новиот Leaf докажува  дека сè уште има што да каже. Денеска дебитираше третата генерација на Nissan Leaf, првото комерцијално БЕВ во светот. Јапонците останаа доследни на својата прикаска поучени од искуствата што ги добија во претходните две генерации. Од здодевен, но функционален  хечбек, Leaf се трансформира во […]

Audi Q3 – Генерација три

Малиот Q3 е еден од најважните модели на Audi. Со новиот третман доби ветер во грбот да продолжи по курсот на успехот Третата генерација на Audi Q3 влезе во светската автомобилска арена каде вниманието на купувачите ќе го освојува со нови квалитети видливи веќе на прв поглед. Надворешноста на субкомпактниот кросовер зрачи со самодоверба и […]

Škoda Elroq RS – Ем електричен, ем спортски

Шест месеци по премиерата Elroq доби RS изведба Во својата стратегија Škoda се потпира на мотори на согорување, електрифицирани погони, но сепак акцентот го става на спортските изведби на струја. Сега со беџот RS се закити електричниот компактен кросовер Elroq со погон на сите тркала. Со неговите два електрични мотори произведува 250 kW и забрзува […]

Yangwang U7

Една година по претставувањето, BYD започна со производството на третиот модел од својата луксузна филијала Yangwang. Означен како U7, тој е голема лимузина која со својот електричен или плаг-ин хибриден погон ќе ги предизвикува премиум моделите на светските марки. Преполн е со револуционерни технологии како што е ослонувањето кое место традиционални хидраулични амортизери користи електромотори […]