По значителниот успех на Enyaq и Elroq, Peaq станува најголем електричен кросовер, кој во многу погледи е алтернатива на постоечкиот Kodiaq
Peaq е повеќе од само електричен Kodiaq. Тој е подолг и им нуди на купувачите избор на распоред со пет или седум седишта со повеќе простор внатре.
Поради камуфлажните етикети неможе јасно да се види изгледот, но производителот нагласува дека Peaq е носител на новиот дизајнерски јазик и е под влијание на концептот Vision 7S само што је крева играта на повисоко ниво.
Неговата должина од скоро 4,9 метри, што е 11 сантиметри повеќе од Kodiaq, нуди многу простор во кабината и 890 литри во багажникот, а кога е во функција третиот ред седишта тој паѓа на 300 литри. Поголемиот дел од ентериерот на Peaq ќе остане скриен до светската премиера, но се најавуваат некои нови технологии што досега не сме ги виделе кај претходните модели на Škoda вклучувајќи поголем процент на рециклирани и одржливи материјали.
Тука спаѓа новиот материјал „Techtona“ кој е алтернатива на кожата и ќе се нуди во црна или светло сива боја наречена „Ceramique“.Peaq има и најголем панорамски подвижен покрив на брендот досега. Основниот Peaq 60 ќе понуди 204 КС, опсег од над 460 километри и максимална брзина од 160 км/ч.
Над ова е Peaq 90 со 285 КС и знаменосецот 90х со 300 КС и погон на сите тркала и опсег од над 600 километри. Тој забрзува до стотка за 6,7 секунди и достигнува максимална брзина од 180 км/ч. Peaq има батерии од 63 и 91 kWh.
Поголемата има максимална брзина на полнење од 200kW, што може да наполни од 10 до 80 проценти за 28 минути. Во зависност од нивото на опрема, ќе бидат достапни карактеристики како што се ергономски седишта со функција за масажа, потпирачи за нозе и интегрирана апликација за велнес.


