DS N°7 – Нов премиум кросовер кој ја менува сликата на марката

DS го претстави новиот N°7 кој претставува важен чекор во развојот на француската премиум марка

Компактниот кросовер доаѓа како наследник на досегашниот DS 7 преземајќи ја улогата на најпродаван модел во понудата. Затоа и не смееше да се експериментира – купувачите можат да бираат меѓу хибриден и целосно електричен погон. Дизајнот ги следи насоките зацртани со N°8. Предниот дел го краси V-обликуван светлосен потпис со тенки главни светла. Маската и деталите во сјајно црна боја ја дополнуваат аеродинамичната силуета со вовлечени рачки на вратите и линија на покривот која се спушта. Димензиите му се благо зголемени а просторот во кабината подобрен.

Таа како и секој нов автомобил сега е уредена во минималистички дух, со два екрани, управувач со краци во облик на буквата Х и лебдечка централна конзола. Материјалите изгледаат благородно а предните седишта можат да бидат загревани, вентилирани и со масажа, со дополнителен грејач за вратот. Се греат и задните седишта додека стандардната опрема вклучува и амбиентално осветлување, дигитален внатрешен ретровизор и аудио систем со шест или четиринаесет звучници. Технологиите опфаќаат и полуавтономно возење со прилагодлив темпомат и самостојно менување на коловозната лента.

Електричната понуда е сочинета од три верзии, со преден електромотор од 230 односно 245 коњски сили и погон на сите тркала со 350 коњи. Батериски пакети има два – за автономија од 543 или 740 километри, а до 80 отсто се полнат за половина час. За оние кои сé уште не се подготвени за преоѓање на струја на располагање е хибридната верзија со 1,2 литарски трицилиндричен агрегат со интегриран електромотор и системски 145 коњски сили.

Нарачки веќе се примаат во Франција, каде почетната цена за основната електрична изведба изнесува 64.200 евра.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER