После две години за кои се продаде во скоро 400 илјади примероци, Xiaomi го ажурираше ултимативниот SU7
Компанијата го опишува како нова генерација иако во основа малку што е ново. Електромоторите се преземени од кросоверот YU7 и способни да достигнат 22 илјади вртежи во минута. Малку поголемите батерии овозможуваат автономија од 902 кинески километри и за 15 минути ќе се дополнат за поминување две третини од тоа. Подобрени се сопирачките и воздушното ослонување чија височина се прилагодува за 50 милиметри. Внатрешноста е облагородена а во понудата се вклучени нови бои и тркала. Цената малку е зголемена но и понатаму остана ниска – основната верзија на Xiaomi SU7 чини 32 илјади долари.



