ЕУ ги воведе царините за кинеските електрични возила

Царините поминаа

Членките на ЕУ не успеаја да зазедат заеднички став за царините за кинеските електрични возила – неофицијално на гласањето за нив десет земји беа за, против се изјаснија пет но дванаесет останаа воздржани. Сепак тоа не беше доволно да се стопира предлогот на законодавците од Брисел со екстра царини да се запре експанзијата од Кина која ја обвинуваат заради субвенционирање на овој сектор. За тоа да се случи требаше против да се изјаснат 15 земји членки кои претставуваат 65 проценти од населението. Најгласни во таа намера беа Германците, но тие не наидоа на поддршка од Франција и Италија кои гласаа за, ниту пак на Шпанија која беше воздржана. Против царините уште беа и Унгарија, Малта, Словенија и Словачка, а за Бугарија, Данска, Естонија, Ирска, Литванија, Латвија, Холандија и Полска. Царините за кинеските електрични возила во висина и до 45 отсто ќе започнат да се наплатуваат во ноември и ќе важат пет години.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER