Cadillac Elevated Velocity (фото-галерија, видео)

Концепт на нов електричен високоперформансен SUV

Со акцент на новите дизајнерски карактеристики и напредните технологии фокусирани на теренско возење, новиот концепт на Cadillac најавува дека моделите на марката ќе еволуираат. Смелиот 2+2 кросовер едноставно воодушевува со својот изглед и силната мешавина на екстремните перформанси и препознатливиот луксуз на префинетиот ентериер.

Во Cadillac посебно се горди на вештата интеграција на технологиите и задоволството во возењето илустрирани со различните режими за користење. На пример како поздрав за добредојде при приближување кон возилото подот, седиштето, инструмент таблата и воланот се осветлуваат со мека бела боја, а вратата се отвора подигнувајќи се нанагоре.

Изгледот му зрачи со грациозност, елегантниот профил е во функција на оптимизација на аеродинамиката, а драматичните пропорции и цврстиот став пружаат импозантно но урамнотежено присуство. Дефинитивно нешто од стилското изразување ќе послужи како инспирација за потенцијалните идни сериски модели на Cadillac. Детали за погонот нема.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER