Вистинските традиционалисти сметаат дека Ferrari на електричен погон е ѓаволско дело и претставува ерес излезен од можеби најголемиот храм на автомобилизмот. Сепак глобалните трендови се неспорни и сега „растегнатото коњче“ е пред нови предизвици. Потврдено е дека името ќе му биде Luce што на италијански значи „светлост“. Пред да ја видиме каросеријата на првиот електричен Ferrari во мај, Италијанците го покажаа ентериерот.


