BYD Racco – Прв нејапонски Кеи автомобил (видео)

Направен во Кина но не е за Кина

BYD ја изненади јапонската но и светската јавност претставувајќи го првиот странски Кеи автомобил. Истовремено тој е првиот модел на производителот направен исклучиво за продажба надвор од Кина. Racco како што е наречен со својот облик, дизајн и пропорции по ништо не се одвојува од домашните вакви возилца во Јапонија. Димензиите му се дефинирани со правилата од државата – должина од 3.395 и широчина од 1.475 mm, додека висината му изнесува 1.800 mm.

Задните врати се лизгачки за полесен пристап во кабината која и покрај малите димензии е доста практична и функционална. Техничките спецификации не се објавени но познато е дека погонот е електричен со максимални 63 KS а Blade батериите со капацитет од 20 kWh треба да му обезбедат непрекинато возење од 180 km. Најавено е максимална моќност на полнење од 100 kW.

Почетокот на продажбата е планиран за втората половина од 2026-та година, по цена која се очекува да изнесува околу 14.000 евра. Не е познато освен во Јапонија каде уште ќе биде понуден.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER