Bugatti – Rimac

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Под будното око на Porsche!

Во новата компанија Bugatti е во улога на „Англиска кралица“

Реномираниот Bugatti и хрватскиот производител на електрични хипер-автомобили Rimac формираат заедничкa компанија во која Porsche има 45 отсто од акциите. Мнозински акционер е Rimac со 55 отсто и штабот на старт-апот го смести во Света Недеља, Хрватска. И двете марки ќе продолжат да се појавуваат како независни брендови и производители и ќе ги задржат своите производни капацитети во Загреб и Мулуз. Продажбата исто така ќе продолжи одделно. Овој чекор ќе ја обезбеди иднината, особено за Bugatti. Претходниот шеф на Bugatti, Штефан Винкелман, поднесе оставка и се концентрира на својата улога како претседател на Lamborghini.

Покрај Мате Римац, во новиот менаџерски тим е и претходниот продукциски менаџер и ко-управен директор на Bugatti, Кристоф Пиошон. Лариса Флејшер станува главен финансиски директор. Неодамна, таа беше задолжена за контрола во Porsche во областите на дигитализација и развој на нови бизнис модели. Поранешниот главен инженер на McLaren, Емилио Сцерво, го презема техничкиот менаџмент. Извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме, и неговиот заменик, финансискиот директор Луц Мешке се претставени во надзорниот одбор на новата компанија. Преселбата во новиот кампус Rimac, кој моментално е во изградба, е планиран да стане оперативен следната година.

Тука се базира заедничкото истражување и развој на Bugatti-Rimac. На 200.000 квадратни метри и 200 милиони евра ќе работат 2500 луѓе. Во исто време, како и досега, сите модели на Bugatti ќе се произведуваат во фабриката во Мулуз. Заедничкото вложување Bugatti-Rimac започнува со околу 435 вработени, од кои околу 300 работат во Загреб и околу 135 во Мулуз.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER