Bugatti по четврти пат го врежа своето име во аналите на автомобилската историја.
Со моделот Mistral W16, Bugatti има најбрз кабриолет. Тоа го докажа со поставување на нов светски рекорд во максимална брзина за автомобил со отворен покрив достигнувајќи 453,91 км/ч. Тоа се случи на патеката Automotive Testing Papenburg GmbH во Германија и го собори досегашниот рекорд на Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse кој достигна 408,84 км/ч. Приказната на уривање рекорди започна пред повеќе од 14 години, во јуни 2010 година со Veyron 16.4 Super Sport кој достигна рекорд од 431,07 км/ч. Светскиот рекорд во затворен кокпит соборен е уште еднаш во 2019 година со хипнотизирачкиот Chiron Super Sport 300+ достигна 490,48 км/ч. Енди Валас официјалниот пилот на Bugatti и победник на Le Mans 24 Hours беше зад управувачот постигнувајќи нов светски рекорд за врвна брзина за автомобил со отворен покрив беше официјално потврдено на крајот на трката, при што Енди достигна неверојатни 453,91 км/ч.