Bugatti – Chiron Super Sport

насловна Новитети

Има ли крај???

Новиот дериват на Bugatti засилен за 100 коњи!

објавено 10. јуни 2021

Сѐ поголемиот наплив на хипер автомобили погонети на струја го мобилизира Bugatti. Новата верзија на Chiron е најавена за идната година со додавката Super Sport која ќе биде побрза од неодамна претставениот електричен Rimac Nevera.

Од замокот во Сошо најавуваат максимална брзина од 440 км/ч без никаква подршка од струјата. Инженерите се горди на својот модифициран W16 мотор кој од осум литарска зафатнина испорачува 1.600 КС што е за 100 коњи повеќе од досегашниот агрегат. За подобрените перформанси „вртењето“ на моторот е зголемено за 300 вртежи и сега достига 7.100.

Вртежниот момент од 1.600 Nm метри сега е достапен во распон од 2.000 до 7.000 вртежи во минута. Chiron Super Sport забрзува од нула до 200 км/ч за 5,8 секунди и до 300 км/ч за 12,1 секунди, а воедно, забрзувањето од мирување до 400 км/ч го совладува за седум проценти побрзо од основниот модел. Инженерите ги прилагодија турбополначите, пумпата за масло, менувачот и спојката.

Тежината на возилото е намалена за 23 килограми и аеродинамиката е оптимизирана. Chiron Super Sport има подолг заден дел и модифициран преден дел. Овие „дотерувања“ ја доведоа цената до 3,2 милиони евра без данок. Сега е Rimac на потег.