Brabus Ultimate E – електрична столица

Занимливости Новитети

Фраер на батерии

Од Brabus се очекува да биде елитен, но накитениот електричен Smart наречен Ultimate E апсурдно e скап!

објавено 17 септември 2020

Светот се наоѓа во редифинирање на поредокот, човештвото е под напад од пандемија, економиите страдаат, продажбата на автомобили опаѓа, но цените растат неумоливо. Последен пример за оваа констатација е Brabus Ultimate E кој, верувале или не, во Германија се продава за 49.450 евра без ДДВ! Да добро прочитавте, 49.450 евра. За тие пари, на пример, можете да купите богато опремен Mercedes C класа. Арно ама нема да ве лажат дека имате гратски електричен супер автомобил! Да, со сета дрскост Brabus овој мини автомобил чија основа е Smart for two EQ, го нарекува супер автомобил.

Во него можеби опременоста и кожата се супер, но перформансите се под просечни! Електричниот мотор е засилен на 91 КЅ, го совладува спринтот до ”стотка” за долги 10,9 секунди и достига максимални 130 км/ч. Овие параметри не се воопшто импресивни за електричен автомобил, ниту податокот дека со едно полнење на батеријата може да помине 125 километри. Можеби ќе импресионираат 18 инчните тркала, на предната оска со димензија 205/35 а на задната 235/30, пресвлечени со високо перформансни пневматици. Искрено се прашувам чуму се?! Можеби потребни се зада се оправда цената? Можеби видеото ќе разјасни зошто да се платат 45.000 евра без данок?!

Видео