BMW » Следи масовна електрификација

Следи масовна електрификација

Објавено на 13 март 2020 година

Нови 25 електрифицирани модели и преполовување на класичните погонски варијанти – тоа е планот за наредните три години на BMW претставен заедно со финансиските резултати за ланската година. Со нив се предвидува кратење на трошоците и заштеда од 12 милијарди евра за да може да се исфинансира масовната електрификација. А таа предвидува една половина од новите електрифицирани модели да бидат чисто хибридни, а втората електрични. Меѓу нив ќе бидат iX3, iNext и i4, на кои ќе им се придружат и некои класични, посебно во сегментите со повисок профит, како што е X8. Секако, од понудата ќе бидат исфрлени некои слабо продавани модели. Детали кои и кога, не се споменати.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER