Му недостига само електрична верзија со продолжена автономија
Идниот BMW X5 ќе влезе во историјата како модел со најмногу погонски опции – ќе ги има дури пет: бензински, дизел, плаг-ин хибридни, чисто електрични и со горивни ќелии. Некои се сомневаа дека водородната изведба нема да го дочека сериското производство но Баварците потврдија дека 2028-мата е термин кога треба да ја очекуваме. Останатите ќе се појават две години пред тоа.
BMW долго време експериментира со возила на водород за вистинскиот исчекор да го направи во соработка со Toyota. Заради познатите проблеми со инфраструктурата за полнење оваа верзија на X5 нема да биде достапна на сите пазари, но затоа другите ќе бидат. Електричната ќе ја користи погонската механика од свежо претставениот iX3 иако платформата ќе му се заснова на сегашната. Моторите со внатрешно согорување пак ќе можат да се прилагодат на Еуро 7 нормите и како такви да служат уште долго. Техничките спецификации сé уште се тајна.




