Наново раѓање на BMW
Со новиот концепт BMW повторно ја насочува својата иднина во посакуваната насока
Гледајќи ја богатата историја на BMW, во неа посебно се истакнува серијата наречена Neue Klasse од почетокот на ’60-тите години. Овие модели не само што ја обезбедија финансиската стабилност на компанијата, туку го утврдија и идентитетот на автомобилите на марката. Сега, шест децении подоцна, истата задача ќе ја има и новиот концепт, сосема логично наречен со истото име. Тој не е само дизајнерска студија туку најавува нова серија автомобили кои ќе се лансираат почнувајќи од 2025 година.
Секако, следната Neue Klasse генерација ќе биде електрична и дигитализирана, ретро и футуристичка. Ќе ги обединува клучните области за мобилноста на иднината во севкупна кохерентен целина и ќе отвори нови димензии во неколку области – дизајнот, оперативниот концепти, ефикасноста и одржливоста. Тоа според првиот човек на BMW Оливер Ципзе е мега-проект кој ќе ја опфати целата компанија, наново дефинирајќи ја иднината и на марката, и на нејзините производи. Во наредните неколку години ќе бара значајни вложувања во релевантните технологии, за што сите се подготвени. Какво во иднина ќе биде возачкото искуство со BMW? Интегрирана контролна единица со висока прецизност ќе ги обединува сите електронски компоненти. Neue Klasse ќе потврди уште еднаш дека трансформацијата не е само предизвик на новото време туку е шанса да станеме уште подобри во тоа што го работиме, рече Ципзе.
Новиот поглед на иднината што го овозможува Neue Klasse отелотворува јасен јасен, елегантен и безвременски дизајнерски јазик сведен на најважното, со експанзивни површини и само неколку карактеристични линии. Овој пристап ги нагласува особеностите како што се бубрезите и двојните светла. Моќните лакови на тркалата, повлеченото ветробранско стакло и стрмно нанапред наведнат напред нос се карактеристични. Аеродинамичното и речиси монолитно тело со силни вдлабнатини напред и назад, како и големите стаклени површини создаваат нова естетика.
Во внатрешноста новата генерација на BMW iDrive гарантира уникатно дигитално корисничко искуство кое ги спојува реалните и виртуелните светови. Новата целосно електрична архитектура отвора и нови можности заради што дизајнот на ентериерот е толку прогресивен што изгледа како да е прескокната генерација на модели. Аналогните контроли се сведени на минимум, а интеракцијата човек-автомобил се одвива преку централниот дисплеј, мултифункционалниот волан и гласовни команди. Информациите за возачот се проектираат на идеална висина во неговото видно поле, за прв пат низ целата широчина на ветробранското стакло.
Засега се потврдени шест модели на оваа архитектура, од кои први ќе бидат седан и SUV со големина на сегашните серија 3 и X3. Производството ќе биде организирано во Унгарија, Германија и Кина. Новата платформа ќе донесе шеста генерација електрични мотори со високи перформанси и батерии со за 40 отсто поголема енергетска густина и за 25 отсто подобрена ефикасност, со поголем фокус на одржливоста. Се најавува за 30 отсто поголема брзина на полнење, за исто толку подолга автономија, но и за 60 отсто намалување на емисиите на јаглерод диоксид при производството кое е целосно без фосилни горива и за 50 отсто помали трошоци.
Накратко кажано, со новиот концепт BMW повторно ја насочува својата иднина во посакуваната насока.