Внимание, роботите доаѓаат (видео)

Успешно тестирање на хуманоидни роботи во BMW

Уште многу одамна роботите се појавија во научно-фантастичните филмови заменувајќи ги луѓето во нивната работа, но сега тоа станува реалност – BMW успешно ги тестираше хуманоидните роботи во својата американска фабрика. Произведени од калифорниската компанија Figure, тие неколку недели поставуваа одредени лимени делови кои потоа беа составени како дел од конструкцијата на автомобилот. Според BMW хуманоидните роботи доста добро се вклопиле во производството, што значи дека може да се користат на одредени ергономски тешки и заморни работни места наместо работници. Со ваквите ветувачки резултати ќе бидат утврдени можните примени на хуманоидните роботи, но засега сé уште е премногу рано да се планира кога тие би биле интегрирани во производството.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER