Тркач во костум
Објавено на 10 октомври 2019 година
Здивоодземачко купе со четири врати и 600 KS се појави на улиците – BMW го претстави M8 Gran Coupe. Доаѓа половина година откако Баварците во Женева го покажаа неговиот концепт и под хаубата го има истиот мотор каков што се наоѓа и во M5. Се работи за твин-турбо V8 ѕверката од 4,4 литри, чии 750 Nm преку 8-степениот автоматски менувач се пренесуваат на сите тркала. До стотка стигнува за само 3,3 секунди, а брзината ограничена на 250 km/h со опционалниот M Driver’s пакет ќе порасне на 305 km/h. На потенцијалните купувачи на кои ова не им е доволно на располагање им е Competition изведбата набиена на 625 KS. За врвната стабилност и пренос на силата на подлогата се задолжени активниот диференцијал, адаптивното ослонување и 20-инчните тркала, а со доплата и карбон-керамички дискови. Надворешниот изглед и аеродинамика се подобрени со вградување на дискретни каросериски додатоци изработени од јагленородни влакна.
Видео


