Само М5 или вистински колекционерски предмет?

Комфорната лимузина во најекстремна верзија досега!

објавено 28. јануари 2021

Значително полесна, со поостар звук и засилен изглед, изведбата СЅ јасно се дистанцира од обичниот М5, но исто така чини значително повеќе, околу 180.000 евра. Засилена на 635 коњи ги користи сите бенефити на погонот на сите тркала и осум фазниот конвертор на вртежниот момент. M GmbH кај СЅ намали импресивни 70 килограми во однос М5. Предната хауба е изработена од композит од јаглеродни влакна, истото важи и за школките на предните седишта.

Тркалата од 20 инчи се дел од стандардната опрема, како и системот за сопирање од карбон-керамика. Ваквото опремување е неопходно за да може да се извлече максимум од 4.4 литарскиот V8 кој во M5 CS има десет коњи повеќе од M5 Competition! Спринтот од 0 до 100 км на час трае само 3,0 секунди, а состанокот на сказалката со бројката 200 е за 10,4 секунди! Крајната брзина е ограничена на 305 км/ч, но теоретски таа би можела да биде значително поголема. M5 CS не само што е најдобриот M5 досега во однос на динамиката на возење, тој изгледа и исклучително привлечно.

Бубрезите и имињата на моделите се изработени со апликација на бронза, длабокиот жолт прстен на светлината во фаровите потсетува на светлата на тркачките возила од серијата Ле Ман. На задниот дел четирите цевки од не’рѓосувачки челик привлекуваат внимание, тие звучат значително подоминантно и агресивно од другите варијанти. Во ентериерот има елегантно интегрирани амблеми CS на таблата и помеѓу задните седишта, како и воланот опшиен со Алкантара и карбонски лопатки за менување. Потпирачите за глава се украсени со контурата на легендарниот Нурбургринг-Нордшлајфе. Производството на мали серии започнува во март.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER