Прашање е сега…
…но само сега – догодина на пазарот пристигнува серијата 8 во Cabrio и Gran Coupe верзии
Објавено на 7 август 2018 година
Закоравените љубители на BMW се на мака – што да изберат за да во моментов бидат најактуелни. Не им е лесно, бидејќи мора да се одлучат за X6 или пак за M5, кој, за беља, сега е достапен и во Competition изведбата. На нивна среќа, дилемата ќе трае кратко – догодина на пазарот пристигнува серијата 8 во Cabrio и Gran Coupe верзиите. За неа не треба многу да зборуваме – новото купе е уште еден „адут во ракавот“ на баварскиот производител, кој ќе има свои ултимативни верзии согласно пазарната логика. А таа, според систематското ширење што BMW го посакува во сегментот на луксузни автомобили, ќе ги одведе мислите на купувачите кај доведе до Cabrio и Gran Coupe верзиите кои ќе бидат претставени идната година.
Што се однесува до купе варијантата, нејзиното производство веќе е започнато и лансирањето на пазарот е закажано за ноември. На почеток ќе биде на располагање во M850i и 840d изданија, а после некаде меѓу споменатите Cabrio и Gran Coupe верзии се очекува и како вистински М модел. После сé, новата серија 8 на BMW ќе брои најмалку девет члена, и тоа веќе пред крајот на 2019-та година.