За патување со стил
SUV моделите ги убија караваните, но не сите – за автомобил каков што е M3 Touring секогаш ќе има место. Интересно е тоа што BMW не мислеше така сé досега – оваа генерација на баварскиот атлет е прва која е на располагање во караванска верзија. Дека нема да згрешат со нејзиното лансирање сведочат бројките кои на располагање ги става трилитарскиот твин-турбо шестцилиндричен мотор. Неговите 510 KS и 650 Nm преработени со осумстепениот автоматски менувач и погонот на сите тркала ќе го лансираат до 100 km/h за 3,6 а до 200 за 12,9 секунди. Максималната брзина е ограничена на 250, но со опционалниот M Driver’s пакет ќе се отклучи до 280 km/h. За сé да биде во ред како опција се нудат и карбон-керамички сопирачки.

Димензиски BMW M3 Touring е за 85 mm подолг од стандардната караванска верзија на серијата 3, поширок за 76 и понизок за 4 милиметри, а собира меѓу 500 и 1.510 литри багаж. Визуелно ќе се препознава по М-аеро боди китот составен од изменетиот преден браник со поголеми отвори за воздух, пошироките блатобрани, хаубата со отвори за воздух, сетот впечатливи прагови, задниот дифузор, кровниот спојлер и секако спортскиот издувен систем со четири цевки. Спортски се и ослонувањето, седишта и управувачот, а ќе има и најнапредни системи за контрола на силата на влечење и стабилноста. Цената во Германија му стартува од 97.800 евра.



