BMW M2 CS » Сé она што M4 пропушти да биде

Сé она што M4 пропушти да биде

За половина број помал и ѓаволски брз, BMW M2 CS е сé она што M4 пропушти да биде

Објавено на 6 ноември 2019 година

Како што и беше очекувано, BMW M2 CS уште на прв поглед покажа дека е уверливо најзабавната баварска машина. Формулата по која настана ја содржи во името. Буквите CS означуваат дека ослабе неколку десетина килограми, што заедно со засилениот мотор го наметнуваат како ултимативен спортист. Ако на тоа до додадеме и предизвикувачкиот дизајн, тогаш е јасно зошто фановите на марката се убедени дека M2 CS за нив е одлично погоден автомобил. Бројките кажуваат дека тежината му е намалена за 60 килограми, а 3,0 литарскиот твин-турбо бензинец набиен на расни 450 коњски сили. Купувачите што ќе се одлучат за седумстепената автоматика ќе бидат наградени со забрзување до стотка за округло четири секунди, додека оние што ќе се решат за мануелниот шестстепен менувач можат да сметаат со 0,2 секунди повеќе. И во двата случаи максималната брзина му е 280 километри на час. Култниот статус му е загарантиран со фактот дека ќе биде произведен во 2.200 примероци, по цена од 95.000 евра. Премиерата ќе ја има на салонот на автомобилите во Лос Анџелес при крајот на месецов.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER