BMW iX – Од новото време

насловна Новитети

Пресвртница во Шангај

Новиот технолошки предводник на BMW има повеќе задачи

објавено 23. април 2021

Кога Баварците сакаат да ја демонстрираат иновативната сила во дизајнот, електромобилноста, задоволството при возење, одржливоста, луксузот и поврзаноста, тоа го прават на најдобриот можен начин. BMW iX е наменет да им даде на посетителите во Шангај солуции за новата ера на индивидуална мобилност. Како спортско-активно возило (SAV), моделот е развиен на новата модуларна платформа на BMW. IX ќе биде понуден во две варијанти на модели при лансирање на пазарот. Електромоторите, електрониката за напојување, технологијата за полнење и високо-напонските единици за складирање доаѓаат од петтата генерација на технологијата BMW eDrive.

Електричниот погон на сите тркала на iX xDrive50 има максимална моќност поголема од 500 КС и овозможува забрзување од нула до 100 км/ч за помалку од 5,0 секунди! На тоа се додава автономијата од 600 километри во тест циклус на WLTP. Новиот технолошки комплет, претставува основа за вмрежување и дигитални услуги. На пример, обработката на податоците е насочена кон волумен што е 20 пати поголем од оној на претходните модели. Ова значи дека може да се обработи голем број податоци за сензори. Самите сензори се исто така помоќни. BMW iX е способен за 5G за брз и сигурен пренос на големи количини на податоци помеѓу возилото и BMW Cloud.

Покрај понудите од Apple и Google ќе бидат интегрирани и апликациите од локалните платформи кои се релевантни за кинескиот автомобилски пазар. Во BMW iX, новите, интегрирани апликации на Tencent се веќе достапни за лансирање на пазарот во Кина. Првите функции на WeChat што можат удобно, лесно и безбедно да се користат во возилото вклучуваат „WeChat“ телефонија, говорни пораки и споделување на податоци за локацијата што може да се користат веднаш како дестинација за навигација.