Софистицирано набилдан

Долго време се зборуваше за независен модел од M GmbH. Сега дојде време за него!

Како што BMW јасно стави до знаење, темата на XM е енергија на „рок ѕвезда“. Тоа не е шок сега кога знаеме дека ќе има 750 коњски сили. Тоа е најмоќниот plug-in хибриден BMW што некогаш го направил…

Тој е исто така еден од ретките со толку едноставна номенклатура со ознака М. Под надворешната обвивка се наоѓа архитектура на возило што е поврзана со X5 и X7, додека електрониката веќе ќе биде на ниво на целосно електричниот iX. За да обезбеди добри перформанси, BMW додаде хибридна моќ на својот веќе моќен V8 за да произведе 750 коњи и 1.000 Nm вртежен момент. Одделението за перформанси базирано во Гарчинг на пазарот носи модел кој повеќе не е директно изведен од обичен BMW, туку има целосно независна конструкција.

Преку Concept XM се дава конкретен изглед на серискиот модел што се очекува до крајот на 2022 година. Со XM, BMW го толкува својот сегашен дизајнерски јазик уште поизразено, можеби уште побрутално. Широката осветлена двојна бубрежна решетка го карактеризира. Како и кај претстојната Серија 7, главните фарови се скриени зад темните капаци.  Страничната површина се карактеризира со широка декоративна лента, која може да се тонира во различни бои. Покривната конструкција е невообичаено стрмна и спуштена во средината.

Задниот дел, пак, се карактеризира со смело преклопени задни светла и задно стакло со две логоа на BMW врежани во стаклото на горниот раб. Студијата е поставена на 23 инчи тркала и еко-пневматици. Во перспектива ќе следат и други варијанти на погони, сите плаг-ин хибриди.

Футуристичката контролна табла и луксузните внатрешни украсувања се прикладно стокмени за оваа намена. Истото важи за тродимензионалната облога на покривот која го истисна од понудата стаклениот покрив на што BMW е многу горд. Горд е и на електричниот дострел од 50 километри кого перманентно ќе го зголемува. Остана помалку од една година до лансирањето на серискиот модел кого публиката го чека како концерт на својата омилена рок ѕвезда. Малкумина ќе можат да заиграат во „fan pit“ зоната, но судејќи според најавеното, ќе ја доживеат крилатицата на рок-ен-ролот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER