BMW 767il » Еден и единствен со V16 артилерија

Еден и единствен со V16 артилерија

Никој веќе не го ни памети големиот BMW од серијата 7 со V16 мотор, но тоа не е причина да не се потсетиме на него

Објавено на 5 ноември 2019 година

Низ историјата на автомобилизмот многу компании имаа V16 експерименти, од кои денес единствено опстана Bugatti. Примерот на BMW од осумдесеттите години кажува дека историјата можеше да тргне и во друг правец. Имено, тогаш битката меѓу Баварците и Mercedes се разгоруваше и шефовите и на двете компании им даваа одврзани раце на инженерите да го изберат оружјето со кое би го покориле сопарникот. Едно такво беше и V16 проектот на BMW, познат како Goldfisch кој се развиваше под кодната ознака Secret Seven. Станува збор за модел од тогашната Е32 серија 7 во кој е вграден V16 мотор. Како основа послужи M70 V12 агрегатот кој од иницијалните 5,0 беше зголемен на 6,7 литри. Тестовите спроведени во 1988 година покажаа дека овој монструозен атмосферски мастодон тежок 310 килограми постигнува меѓу 408 и 430 KS. Беше спарен со 6-степен мануелен менувач и заради својата гломазност доста од компонентите како на пример ладилникот и останатите помошни системи ги исфрли во багажникот на големата лимузина која токму заради тоа доби два огромни отвори за воздух на задните бокови и ребраста површина меѓу светлата.

Доколку се појавеше како сериски производ план беше тој да се вградува во сосема нов модел поголем од серијата 7, што како идеја е отфрлено кога BMW го купи Rolls Royce. Единствениот примерок од тест прототипите како сведок на тие времиња денес се чува во музејот BMW.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER