BMW направи автономен мотоцикл
Одговор на прашањето кому му треба вакво нешто, нема
Објавено на 14 ноември 2018 година
Автономни технологии развива и BMW, како кај автомобилите така и кај мотоциклите. До каде се стигнати неодамна демонстрираа на патеката Мирамас во Франција, каде тестниот R 1200 GS ги помина своите први километри пред очите на јавноста. Напредокот е импресивен – мотоциклот сé може сам да работи: да тргнува, вози низ свиоци, свртува на раскрсници и на крај да застане и прописно да се паркира. ОД BMW се горди на постигнатото, но сепак немаат одговор на прашањето кому му треба вакво нешто. Затоа и велат дека целта им е да развијат технологии што ќе го направат возењето со мотоциклите побезбедно.
Видео