Mercedes A-класа Sedan :: Битката ќе се води во продолженијата

Битката ќе се води во продолженијата

Mercedes се сврте контра сите, но и самиот себе – претстави седан верзија на A-класата
Објавено на 2 мај 2018 година

Лани беше покажан како концепт, а сега и како сериски модел – А-класата на Mercedes доби седан изведба. Премиерата ја имаше со продолжено меѓуоскино растојание, како што Кинезите сакаат. Дизајнерски наликува на наследник на CLA, иако нема да го истисне од гамата – битката меѓу нив ќе се води во продолженијата. Mercedes A SedanНовата маска и поострите светла го прават предниот дел спортски агресивен. Силуетата зрачи со елеганција, а задниот дел пак со динамика. Вешто вкомпонирани, сите овие дизајнерски карактеристики прават седан верзијата на А-класата да биде привлечен автомобил. Иако најмал ваков во гамата, на купувачите нема да им бидат ускратени најновите технологии. Некои од нив ќе се преселат директно од S-класата. Внатрешноста е скоро идентична на хечбек изведбата, со напредниот MBUX систем.

За оваа кинеска верзија на А-класата е познато дека има продолжено меѓуоскино растојание за 6 сантиметри и должина од 4,6 метри. Ќе се нуди со три бензински мотори со моќност меѓу 136 и 190 коњски сили, спарени со 7-степена автоматика. Mercedes не сакаше да објави кога ќе биде претставени моделите за остатокот од светот, но тоа веројатно ќе биде наесен на салонот во Париз.

Mercedes A Sedan

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER