Porsche 911 GT3 RS (со видео) :: Без турбо, но со повод

Без турбо, но со повод

Porsche 911 е далеку од очекуваната хибридизација – GT3 RS верзијата нема ни турбо компресор а не па електромотор
Објавено на 22 февруари 2018 година

Долго време се зборува за електрифицирана верзија на 911 и сите, па и во Porsche, се согласуваат дека таа ќе даде силен акцент за легендарниот модел. Но време за неа сé уште не е – сега ја дочекавме GT3 RS верзијата која нема ни турбо компресор а не па електромотор. Но тоа не е пречка нејзиниот 4-литарски боксер да развие дури 520 коњски сили. Специјално калибрираната трансисмија и до максимум олеснетата каросерија му даваат перформанси за респект, за чие кротење е задолжена унапредената аеродинамика. Во бројки тоа изразено значи забрзување до 100 km/h за 3,2 секунди и максимални 312 km/h. Porsche 911 GT3 RSЗа споредба, електричниот Mission E ќе располага со 600 коњски сили, што ќе биде доволно за забрзување до 100 km/h за помалку од 3,5 секунди. Со едно полнење на батериите автомобилот ќе може да помине 500 километри. Од Porsche беа искрени и кажаа дека од него во голема мерка зависи иднината на марката. Додека се чека на неа, купувачите на 911 GT3 RS веќе формираа листа на чекање потврдувајќи го своето место во неа со 195 илјади евра.

Porsche 911 GT3 RS

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=lTbGdV3NlNk?rel=0&showinfo=0&version=3&hl=en_US&iv_load_policy=3&start=0&end=222]

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER