Lexus UX (со видео) :: Без трикови, само чисто мајсторство

Без трикови, само чисто мајсторство

Lexus уште лани официјално потврди дека UX концептот ќе заврши во сериско производство, но не кажа кога тоа ќе се случи
Објавено на 2 март 2018 година

Пред да се подигне завесата од салонот на автомобилите во Женева, Lexus ги објави првите информации за новиот урбан кросовер UX. Воздржани како и секогаш, Јапонците за него не кажаа ама баш ништо, туку покажаа – со слика и видео. А на нив се гледа дека од концептот претставен на салонот во Париз во 2016 година доста што е задржано – секоја пофалба за дизајнерите од европското ED2 дизајн студио на Toyota. Овој модел на Lexus чија ознака UX значи User Experience има задача да привлече помлади купувачи заради што беше потребен поагресивен изглед. На тоа ќе се надоврзат одличната управливост, храбриот дизајн на внатрешноста и за оваа големина богатата опрема. Направен е на нова платформа која му обезбедува пониско тежиште, а во понуда се очекува во повеќе варијанти. Кои ќе бидат засега не е познато, но Lexus во Европа ги има регистрирано ознаките UX 200, UX 250 и UX 250h. За нешто поконкретно ќе мора да почекаме уште некој ден.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER