Бензините поевтинија, дизелот не

Вести Македонија

Цените на горивата како пролетно ветре

После минатонеделното двојно поскапување на горивата, сегашното намалување на цените делува како пролетно ветре

објавено на 12 април 2021

Пријатно, ама само колку на момент да го почувствуваме – после тоа сé е по старо. Добро, не баш по старо бидејќи дизелот се зацементира на плус 3 денари, ама бензините се вратија назад за половина денар. Тоа значи дека од утре од 5 часот наутро кога завршува полицискиот час за литар еуросупер БС-95 бензин ќе плаќаме по 67,00 денари, за литар еуросупер БС-98 по два денари повеќе од тоа, а за литар дизел и понатаму по 58,00 денари.