Bentley Mulliner Bacalar » Ултраексклузивитет (со видео)

Top News Новитети

Ултраексклузивитет

Bentley Mulliner Bacalar има внатрешност од дрво старо 5.000 години

Објавено на 10 март 2020 година

Најновиот ултраексклузивитет на Bentley е двосед без покрив наречен Bacalar според едно езеро во Мексико. Ги поврзува уникатната убавина, која остава без здив. Во тоа помогна Mulliner кој му подари ентериер од дрво старо 5.000 години. Приказната како Англичаните дошле до овој материјал ќе ја оставиме на 12-те среќници ширум светот, кои веќе платија по еден ипол милион фунти за својот примерок. За тие пари ќе добијат автомобил базиран на Continental GTC, чиј 12-цилиндричен мотор развива 659 коњски сили. Беспредметно ќе биде да зборуваме за забрзувањето или максималната брзина, оти уживањето во возењето со него има друга димензија. За тоа ќе се грижат безбројните детали разработени до перфекција. На пример торбите за багаж од италијанската компанија Schedoni изработени по мерка да се вклопат во просторот зад седиштата. Или пак бојата чиј сјај е добиен од пепел на оризова арпа.

Видео

клучни зборови: