Bentley Flying Spur – сега со V8 bi-turbo

Занимливости Новитети

Ориентиран на возачот

Зошто луксузна лимузина е скроена да му прави ќеиф на возачот?

објавено 16 октомври 2020

Истражувањата спроведени во последните десет додини покажуваат значајна промена на употребливоста на Flying Spur како модел. Првично употребувана од богатите за да ги вози шофер, сега повеќето купувачи ја возат самите. Истражувањата покажаа дека особено во САД и Кина 40% од купувачите патуваат со повеќе од двајца патници барем еднаш неделно. Овие податоци беа употребени да се фокусира големата лимузина на возачкото искуство покрај големиот раскош во просторната кабина во која е интегрирана најновата технологија. Затоа во новата изведба зголемена е агилноста. Во срцето на каросеријата сместен е четири литрениот V8 мотор со два турбо полначи чија максимална сила достига 550 коњи и достига максимални 770 Nm под границата од 2.000 врт/мин, го совладува спринтот до стотка за 4,1 секунда и достига максимални 318 км/ч! За да се зголеми економичноста на гориво, моторот може да исклучи четири од своите осум цилиндри во услови на мало оптоварување, кога побарувачката на вртежен момент е под 235 Nm и брзината на моторот е под 3000 вртежи во минута. Промената е незабележлива за патниците бидејќи времето на деактивирање е околу 20 милисекунди десетина од времето потребно за да трепне. Flying Spur V8 е за 100 килограми полесен до изведбата со W12 правејќи го поагилен со изразена персоналност. Адаптибилното воздушно потпирање, векторирање на вртежниот момент, динамична контрола на возењето и електричното управување се стандардни. На ова купувачите може да додадат 48V електрична подршка и управување на сите тркала.